Македонските и српските хеликоптери веќе го гаснат пожарот во Пехчево

од Nikola Popovski
401 прегледи

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов информираше дека петте хеликоптери кои се упатија кон Пехчево, веќе го гаснат пожарот.

-Поради безбедносни причини и протоколи нема да се вклучам во живо, објави Ангелов, кој претходно најави дека ќе ја снима акцијата за справување со огнената стихија во источниот дел од земјава.

Ангелов уште вчера околу 17 часот најави дека пет хеликоптери од кои два македонски и три српски се на пат кон Пехчевскиот регион и заедно, со сета сила, ќе удрат по големот пожар кој се заканува на околните села. Сепак тоа не беше во можности, поради високите температури на воздухот, па акцијата се одложи за рано утрово.

-Се наоѓам во еден од хеликоптерите, за околу половина час, доколку мрежата е добра, ќе се обидам да се вклучам на ФБ во живо за да ви овозможам да погледнете како изгледа местото на пожарот како и процесот на гаснење од воздух, напиша Ангелов на Фејсбук рано утрово.

Слични содржини