Македонските кошаркари во „Кале“ убедливо ги победија Унгарците

од desk2
14 прегледи Фотографија: Кошаркарска федерација на Северна Македонија, 20 август 2025

Македонската кошаркарска репрезентација со победа го заврши учеството во претквалификациите за пласман на Светското првенство, откако вечерва во салата „Кале“ во Скопје ја совлада Унгарија со 82:75 во завршното коло во групата Б.

За македонскиот состав ова беше прв триумф во групата Б во која заврши на последното место, откако во претходните три квалификациски дуели двапати загуби од Романија, а претрпе пораз и на првиот натпревар на гостински терен од Унгарија.

Вајли со 23 поени беше најефикасен во македонските редови, а по 14 кошеви уфрлија Митревски и Ташовски.