Македонските пливачи заминуваат на светското првенство во Јапонија

од Vladimir Zorba

Македонската репрезентација во состав пливачи- Миа Блажевска Еминова, Ева Петровска, Никола Ѓуретановиќ и Андреј Стојановски  и тренерот Илија Стојановски, ги завршуваат последните подготовки за настап на светското првенство во пливање што од 14-30 јули се одржува во Јапонија.

Откако од страна на Агенцијата за млади и спорт се обезбедија средства за нивното учество, нашата репрезентација утре заминува за Фукуока.

Првиот настап на 23 јули- недела, ќе го имаат:  

Никола Ѓуретановиќ  и Ева Петровска во дисциплината  400 м слободно

На 26 јули ќе пливаат:

Миа Блажевска Еминова  во дисцилината 50 м грбно и Никола Ѓуретановиќ на 200 м мешано,

На 27 јули ќе пливаат:

Миа Блажевска Еминова на 100 м слободно и Андреј Стојановски во дисциплината 200 м градно,

На 28 јули Ева Петровска ќе се натпреварува во дисциплината 800 м слободно а на 29 јули Андреј Стојановски во дисциплината 50 м. грбно

Очекувањата на тренерите и Националната пливачка федерација се дека нашите пливачи достојно ќе ја престават својата држава, дека ќе ги подобрат своите досега постигнати времиња и ќе се вратат со соборени национални рекорди во дисциплините во кои ќе се натпреваруваат.

Слични содржини