Македонските ракометари убедливо поразени во Данска

од Vladimir Zorba
261 прегледи

Македонската ракометна репрезентација претрпе пораз со резултат 37:21 попладнево на гостувањето во Алборг кај актуелниот светски и олимписки првак Данска. Во дуел од 4. коло во квалификациите за Европското првенство 2022, Данците во целост се реваншираа за поразот во Скопје од пред четири дена.

Треба да се напомни дека во македонскиот состав за оваа средба ги немаше Кирил Лазаров, Филип Миркуловски и Стојанче Стоилов.

Најефикасен играч на натпреварот беше Матијас Гитсел со седум голови, во поразениот тим се истакна Филип Кузмановски со пет погодоци.

На првиот дуел од 4. коло во Групата 7, Швајцарија ја победи Финска со 32:30.

На две кола до крајот на квалификациите, данската и македонската репрезентација имаат по шест бода, Швајцарците се трети со четири бода,
додека финскиот национален тим нема освоено ниту еден бод.

Слични содржини