Македонските тенисерки со победа против Естонија отворија во БЏК Купот

од Симе Стоиков

Македонската женска тениска репрезентација со победа ги започна натпреварите во Втората евроафриканска зона од Били Џин Кинг купот.

Во рамки од првото коло нашата репрезентација славеше над Естонија, по пресврт со резултат од 2:1.

Македонските тенисерки беа во негатива по воведниот натпревар против Естонија, откако Стоилковска со 2-0 (6-1, 6-3) загуби од Елена Малигина.

Но израмнување донесе најдобрата македонска тенисерка Ѓорческа која со 2-0 во сетови (7-6,6-4) ја совлада искусната Каја Канели.

Во решавачкиот трет дуел, македонскиот дубл Лина Ѓорческа – Магдалена Стоилковска славеа со 2-0 во сетови 6-3 и 6-2.

Слични содржини