Македонско семејство бара помош за евакуација од Киев

од Nikola Popovski
343 прегледи

Македонско семејство кое моментално се наоѓа во Киев упати апел за помош за евакуација од украинската претстолнина.

-Ние македонски државјани и уште едно македонско семејство сме заглавени во Украина, немаме транспорт, објави Сашо Андонов на социјалните мрежи, потенцирајќи дека се уште се наоѓаат во Киев.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи информира денеска дека успеале да ги извлечат нашите дипломати во Украина преку безбедносен коридор и тие се веќе тргнати кон Молдавија.

– Ситуацијата, посебно во текот на ноќта во Киев е влошена,. Ние одлука за евакуација на нашите дипломати имаме донесено на денот на руската агресија во Украина, но поради отежнатите околности тие не беа во состојба да ја напуштат Амбасадата. Целиот овој период беа во скривница. Ние потоа преземавме неколку координации со наши партнери и успеавме пред половина час да ги извлечеме нашите дипломати преку безбедносен коридор и тие се веќе тргнати кон Молдавија, рече Османи.

Министерството уште пред дваесетина дена упати апел до сите македонски државјани да избегнуваат патувања во Украина и дополнително, сите наши државјани кои сега се наоѓаат таму, доколку имаат можност, во најскоро време да ја напуштат земјата.

Слични содржини