Македонското и бугарското МНР ќе го следат евентуалниот говор на омраза

од Nikola Popovski
339 прегледи

Се обидуваме да бидеме попрецизни. Има еден параграф од тоа што го договараме дека двете земји ќе утврдат институција која ќе го следи говорот на омраза. Инсистирав точно да кажеме која институција, за да не доведеме во ситуација утре, да речеме „не беше таа институција“. Земам банален пример, меѓутоа чисто ви кажувам начинот на кој што функцираме, информира денеска министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Тој потенцира дека утврдиле двете министерства за надворешни работи на Македонија и Бугарија да бидат тие институции и точно ги напишале министерствата.

-Да не оставиме простор за ралзични интерпрентации, точно поучени од искуството на овие различни интерпретации на Договорот. Има билатерален протокол кој што ги решава прашањата од типот на говор на омраза, пристап до архиви, работата на Исотриската комисија и имате прашања од пакетот на преговарачката рамка, појасни Османи во емисијата „Само интервју“.

Слични содржини