Македонското обвинителството побара да го сослуша Пендиков

од Stefanija Kuzmanovska
179 прегледи

Обвинителството во Охрид побара распит на секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ Христијан Пендиков.

За таа цел, обвинителството во Северна Македонија ќе побара од Бугарија информации за моменталната адреса на Пендиков, пишува бугарска „НОВА“.

23-годишниот Пендиков беше претепан во Охрид на 19 јануари. Според обвинителството, делото е извршено од омраза.

Вчера беше приведен и вториот напаѓач на Пендиков. Обвинителството во Охрид побара од судот привремено да му го одземе пасошот за да не може да ја напушти земјава.

Слични содржини