Македонците допрва ќе видат колку Охридскиот договор е важен за Македонците, вели Фрчкоски

од Берта Китинска
389 прегледи

По барањето на Бугарите, побарувачката на различни заедници за влегување во Уставот е многу голема и треба да видиме кој сѐ смета дека треба да влезе во Уставот како делови од народи и малцинства.Кога е веќе свадаба дајте и музика нека има.Отварањето на Уставот е тешка работа и не може да се прави во секое време, вели проф. д-р Љубомир Фрчкоски, во Утрински брифинг.

Во врска со барањата на Албанците за укинување на квотата 20 отсто, тој објаснува дека сега не може да се менува Охридскиот договор

-Албанците со барањето за укинување на квотата 20 отсто, сакаат да постигнат рамноправност на албанскиот и македонскиот јазик. Но, не може сега да се менува Охридскиот договор. Дури сега ќе видат Македонците колку за нив е важен Охридскиот договор, вели Фрчкоски.

Слични содржини