Македонците во Швајцарија ќе влегуваат само со ковид-сертификат, во Австрија може и со доказ за прележан коронавирус

од Nikola Popovski
398 прегледи

Швајцарија, Белгија и Австрија донесуваат нови ковид-правила за патниците што влегуваат во нивните земји. 

За Швајцарија, повеќе не е во сила забраната за влез на државјани од трети земји, вклучително и од Република Северна Македонија, заради туристички или каков било друг вид престој, но само со потврда/сертификат за примени две дози вакцина (повеќе информации за видот на вакцината и условите за влез може да се пронајде на следниот линк: https://travelcheck.admin.ch/check). Условот за поседување негативен тест (ПЦР или антиген) повеќе не се прифаќа како основ за влез за оваа категорија лица.

Доколку лицето ги исполнува условите за влез во Швајцарија, потребно е до 12 часа пред влезот во Швајцарија да го пополни формуларот што се наоѓа на веб-страницата на Федералната канцеларија за јавно здравје на Швајцарија или поточно на следниот линк: https://swissplf.admin.ch/formula 

Белгиската влада воведува карантин за невакцинираните патници што во Белгија ќе влегуваат од црвените зони, меѓу кои е и Северна Македонија. Поради зголемениот број нови пациенти во болниците во регионот на главниот град и пошироко во Белгија, веќе од утре (петок, 17 септември) ќе се воведат построги правила на карантин за патниците што пристигнуваат од црвената зона. Оние што не се целосно вакцинирани (две дози во соодветен временски интервал) или немаат сертификат за прележана болест, по пристигнувањето во Белгија од црвената зона, мора да поминат 10-дневен период на карантин. Карантинот може да се скрати ако резултатот од дополнителниот тестот на седмиот ден е негативен.

За влез во Австрија потребен е еден од следните докази: доказ за вакцинација или доказ за прележан коронавирус, што претставува единствен начин да се избегне карантин од 10 дена, кој може да биде прекинат по 5 дена со нов негативен резултат на ПЦР-тест.

Малолетниците до дванаесет години исто така мора да се изолираат и да се регистрираат при пристигнувањето, освен ако возрасниот што патува со нив не е ослободен од самоизолација; децата над 12 години мора да поседуваат доказ за вакцинација или доказ за прележан Kовид-19. За примена вакцина со единична доза мора да покажете дека сте ја примиле вакцината пред повеќе од 21 ден, но не повеќе од 360 дена пред пристигнувањето.

Повеќе информации за рестриктивните мерки за сите држави се објавени на веб-страницата на МНР, поконкретно на следниот линк –https://www.mfa.gov.mk/mk/page/1706/informacii-za-covid19

Слични содржини