Макпетрол: Никогаш сме немале контакти со лицето кое со некомплетна документација има намера за превземање

од desk3
121 прегледи

На 08.06.2016 година во архивата на Макпетрол АД Скопје доставен е допис насловен како „намера за превземање,,.

Logo_of_Makpetrol_Macedonia-540x408

Управниот одбор на Макпетрол АД Скопје на седница одржана на 09.06.2016 година го разгледа дописот и костатира дека, по истиот не може да постапува од причини што не е доставено полномошно за поднесителот и потребната документација за идентификација на лицето кое има намера за превземање согласно Законот за превземање на акционерските друштва Макпетрол АД Скопје за „намерата за правземање“ првпат доби сознание со добивањето на дописот и никогаш немал контакти со лицето кое, со некомлетна документација, има пројавено ,,намера за превземање’’.

Во продолжение е соопштение објавено од страна на Македонска берза за хартии од вредност во кое се наведува дека, не може да се утврди легитимитет на ополномоштеното лице за да настапува во име на Друштвото, кое со некомплетна документација пројавило ,,намера за превземање’’.