Макрадули: Кој е планот понатаму? БРИКС и ќе учиме руски јазик по училиштата?

од Nikola Popovski
80 прегледи

Поранешниот функционер од редовите на СДСМ, Јани Макрадули побара одговори како понатаму ќе продолжиме по евроинтегративниот пат откако беше обелоденето дека Македонија ќе биде одвоена од „пакетот“ со Албанија и одложеното продолжување на преговорите со ЕУ.

-Велат има план? Е па кој е тој план? Ако е таен, нека биде на затворена седница. Ама мора да има еден план. Што правиме понатаму? Еве Европа не е фер, Албанија нè претрка. Кое е решението? БРИКС нè сакаат? Поим немам. Русија? Вртиме на десно? Ќе учиме руски јазик по училиштата како што е доктрината на ЗНАМ? Некој треба да каже: луѓе, oва е планот и дајте да работиме на ова, рече Макрадули во емсијата „Само вистина“.

Поранешниот пратеник и поранешен потпретседател на Собранието потенцира и дека македонскиот јазик е официјално одобрен од сите држави во ЕУ и го има во сите пори на Брисел. Според него, нема загрозување на јазикот.

Макрадули исто така смета дека „кавгаџиско однесување“ со соседите не може да ни донесе решение на проблемот.

Слични содржини