Макрадули: Наместеното појавување на некои кандидати за наводен спас од ѓубрето, само потврди дека потенцијалната зараза е смислена и организирана за собирање политички предизборни поени

„И кога демек среќни ќе се разбудиме покрај празни контејнери во нашите маала, доцна ќе заклучиме дека во нашата реалност, потрошувачката кошничка отишла у плафон, дека кампот за мигранти е веќе 80% полн...“, објави Макрадули

од Nikola Popovski
34 прегледи Фото: Принтскрин

Политичкиот аналитичар и екс-функционер, Јани Макрадули смета дека вчерашното, како што вели, наместено појавување на некои кандидати, за наводен спас од ѓубрето, само потврди дека оваа потенцијална зараза е смислена и организирана за собирање политички предизборни поени.

„И кога демек среќни ќе се разбудиме покрај празни контејнери во нашите маала, доцна ќе заклучиме дека во нашата реалност, потрошувачката кошничка отишла у плафон, дека кампот за мигранти е веќе 80% полн, дека за маршот на ангелите ќе чуеме само ако не ѝ го исечат интернет кабелот на Инфомакс, додека картите во еден правец веќе ќе бидат чекирани, бидејќи реалноста одамна веќе не живее тука…“, стои во објавата на Макрадули.

Метрополата мака мачи со сметот покрај контејнерите. Непријатна миризба, комунален хаос. Сериозна закана за здравјето на жителите . Дел од локалните власти ги засукаа ракавите, дел во кампања, дел со обврските кои ги имаат. Камиони и механизација за расчистување на отпадот од други градови, но и загрижени граѓани за своето здравје.

Ѓубрето ги раздвижи и глодарите. А тие се преносители на заразни болести. Од Институтот за јавно здравје побарале експертско мислење за влијанието на отпадот врз јавното здравје и епидемиолошки мерки, врз основ на доставени записници и докази за фактичката состојба на терен од инспекторатите.

Обвинителството ја чешла работата на Град Скопје и Комунална хигиена. Одземена е документација под сомнение за сторени кривични дела оттаму соопштија, дадени се наредби и веќе постапува МВР и инспекциските служби.

Инспекциите доаѓаат откако Владата задолжи неколку институции да го проверат работењето на Kомунална хигиена и градот Скопје.