Макрадули: Петровска е една од авторките на Студијата за гасоводот од 2011

од Nikola Popovski
467 прегледи

Иако не сум дел од кандидатите на овие локални избори, ја следам кампањата и непријатно ме изненади еден коментар на кандидат за градоначаник на град Скопје, г-ѓа Петровска, каде префрлува одговорност на погрешна адреса. Имено, Ана Петровска е една од авторките на Студијата за оцена на влијанието врз животната средина на проектот за Национален гасификационен систем во Република Македонија Делница 5 Скопје-Гостивар-Кичево (Гасоводот на Водно) од 2011 година, обвини директорот на „Пошта“ и поранешен министер Јани Макрадули.

Според неа, за таа траса, одобрена и препорачана од Петровска, дека не влијае штетно на природата, граѓанските организации реагирале, а во координирана акција на неколку владини институции во 2018-та година:

Од првичниот проект, направена е измена на трасата, и со тоа за 70% се намали должината каде се сечеа дрвца.

Невладините организации имаа увид во комплетната документација на проектот, затоа впрочем и учествуваа во процесот на измените кои се направија за намалување на влијанието врз животната средина (стеснувањето на трасата и промената на 4км од дел од трасата со што се избегна високостеблеста шума).

Со цел надоместување на штетата со исечени дрва, Владата донесе заклучоци со кои се предвидоа серија активности за рекултивација и пошумување на парк шума Водно, согласно предлозите на граѓанските здруженија.

Затоа Петровска не може да избега од нејзиното дело во 2011-та година, објави Макрадули на својот Фејсбук профил.

Ана Петровска, кандидатката за градоначалник на Скопје вчера изјави дека било покажано едно пропратно писмо кое што државен секретар по службена дожност го испраќа до Влада, односно со информација на Влада.

-Значи јас не сум ставила потпис на ниту еден документ со кој што е дадена дозвола или било какво решение за изградба на мали хидроелектрани, вели таа и додаде дека нема никаква врска со проектот за гасоводот на Водно, додека беше државен секретар.

Слични содржини