Макрадули разрешен заради подобрување на состојбите во компанијата и јакнење на капацитетите

од Берта Китинска
405 прегледи

Владата препорача разрешување на директорот на Пошта Јани Макрадули поради подобрување на состојбите во компанијата и јакнење на капацитетите на менаџментот, а директорот на ФЗО Стево Крстевски поднел оставка поради приватни причини, рече портпаролот на Владата, Душко Арсовски со Муамет Хоџа на денешната прес-конференција.

На новонарското прашање дали разрешувањето на Макрадули има некаква врска со случајот на поранешниот секретар на Влада Мухамед Зекири, Арсовски истакна дека може само да го повтори истото што го кажал претходно.

Владата на вчерашната седница побарала од Надзорниот одбор на Акционерско друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ да го отповика Јани Макрадули од должноста претседател на Управниот одбор и генерален директор на „Пошта“.

Слични содржини