Макрадули: Утрово плата добија сите 2400 вработени во „Македонска пошта“

од Nikola Popovski
965 прегледи

После денешниот протест, за чиј тајминг не сакам да коментирам, ги уверивме двата синдикати дека како УО ќе продолжиме со посеветена работа и дека не треба да бидат загрижеи за финансиската стабилност на препријатието, рече директорот на во АД „Пошта на Северна Македонија“, Јани Макрадули на прес-конференција.

Тој информира дека утрово била исплатена плата за сите 2400 вработени, во законскиот рок.

-Од 11 ноември 2020 како нов Управен одбор во оваа компанија потпишани се 87 нови договори со нови комитенти, воведена е за првпат електронската трговија каде во овој момент има 14 комитенти кои продаваат производи преку нашата платформа, воведени се нови услуги, воведена е флексибилната достава, АД ’Пошта на Северна Македонија‘ има најбрза и најевтина достава како низ градот Скопје така и низ Републиката. Вложивме во инвестиција и ќе нè има во новиот шопинг мол ’Ист гејт‘ каде воведуваме нова услуга со ’ќеса на адреса‘. Со сите тие услуги го уверивме синдикатот да не се грижат за иднината, а вработените да не се грижат како за своите работни места така и за платата“, рече Макрадули.

Ова следува откако стотици вработени во Македонски пошти денеска излегоа на предупредувачки протест.

Слични содржини