Макрадули: Владата наместо да потпише некоја странска инвестиција и да врати ДДВ, фрла Закон против пушење во поделено општество

„Фрли закон против пушење во гладијаторската поделена општествената арена, а позади грб задолжи се со нова милијарда надвор, и со уште неколку стотици милиони евра внатре. Ништо поинтелегентно не можевте да смислите?“, вели Макрадули за односот на власта

од Nikola Popovski
69 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

Поранешниот функционер во неколку изминати влади, Јани Макрадули со своја анализа за актуелните состојби и дел од мерките на Владата. Тој особено критикува дека не се носат нови инвестиции, државата се задолжува, а во јавноста се отвора дебата за новиот Закон за борба против пушењето.

„Аматеризам и импровизации во континуитет. Фрли закон против пушење во гладијаторската поделена општествената арена, а позади грб задолжи се со нова милијарда надвор, и со уште неколку стотици милиони евра внатре. Ништо поинтелегентно не можевте да смислите?

На пример некоја странска инвестиција да потпишевте, некој енергетски објект да отворевте, да си организиравте сами обука за тоа што значи дигитална трансформација, да вратевте ДДВ?“, прашува Макрадули.

Според поранешниот функционер, задолжувањето не е стратегија, поделбата не е политика, а импровизацијата не е визија.

„За жал, ова не е управување со држава. Вака не се бега од реалноста. Со ваква коцкарскa „All In“ политика, не се оди во Брисел, туку во коцкарниците за коишто ветивте, ама не ги затворивте“, истакнува Макрадули.