Макрон бара да се утврди вистината за улогата на Израел во убиството на 100 Палестинци

од Vladimir Zorba
268 прегледи

Францускиот претседател Емануел Макрон побара денеска да се утврди вистината за улогата на израелските војници во убиството на повеќе од 100 Палестинци кои во четвртокот чекаа хуманитарна помош во Појасот Газа.

Палестинските власти тврдат дека израелските сили убиле повеќе од 100 луѓе додека чекале да пристигне помошта. Израел соопшти дека Палестинците биле убиени во стампедо околу камиони кои превезувале помош за Газа.

„Длабоко негодување на сцените од Газа, каде што цивилите беа застрелани од израелски војници. Силно го осудувам таквиот напад и повикувам на вистина, правда и почитување на меѓународното право“, рече Макрон.

Тој оцени дека итно воспоставување прекин на огнот е императив, пренесува Ројтерс.

Слични содржини