Макрон бара Европа да ја „покрие“ разликата доколку САД ја намалат помошта за Украина

од Nikola Popovski
278 прегледи

За време на неговата посета на Стокхолм, францускиот претседател Емануел Макрон ги повикал Европејците да ја поддржат Украина „на долг рок“ и да компензираат за секое можно намалување на американската помош за земјата против која Русија започна инвазија.

– Мораме да се организираме на таков начин што ако САД направат суверен избор да ја прекинат помошта или да ја намалат, тоа да нема влијание на теренот (во Украина) , рекол Макрон на прес-конференција заедно со шведскиот премиер Улф Кристерсон.

Макрон оценил дека е лесно да се „обвини“ Европската унија за сите тешкотии на француските земјоделци, кои осудуваат одредени обврски од заедничката земјоделска политика на ЕУ.

Францускиот претседател порачал дека се противи на преговорите за трговскиот договор меѓу ЕУ и земјите од блокот Меркосур од Латинска Америка поради правилата кои не се во согласност со европските и повикал на „јасни мерки“ за увоз на пилешко месо и жито од Украина.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен предупреди дека одбранбената војна на Украина против Русија е во ризик без нова рунда помош одобрена од Конгресот.

Администрацијата на Бајден го овозможи последниот пакет помош на крајот на декември, но републиканците во Конгресот ја условуваат поддршката за новиот пакет за Украина со драстично заострување на американската мигрантска политика.

Некои републиканци, вклучително и поранешниот претседател Доналд Трамп, кој се смета за фаворит за републикански кандидат за претседателските избори во ноември, го изразуваат својот скептицизам во врска со помошта за Украина и нејзините шанси за победа против Русија.

Слични содржини