Макрон бара во школите да се организира час по антисемитизам, по групното силување на девојче во Париз

од Milan1
267 прегледи

Претседателот на Франција, Емануел Маркон денеска побара од француската министерка за образование Никол Белубе оваа недела во училиштата да организира лекција за борбата против расизмот и антисемитизмот.

Францускиот претседател се вратил на прашањето за борбата против антисемитизмот откако беше споменато силувањето во париското предградие Курбевоа.

Барањето беше упатено неколку дена по групното силување на 12-годишно девојче во Курбевоа, со антисемитск позадина.

„Силување, антисемитизам: сè е одвратно во ова злосторство извршено во Курбевоа врз 12-годишно девојче“, напиша Белубе на платформата Икс (Твитер).

Часот ќе се одржи и во основните и во средните училишта.

Две момчиња на 12 и 13 години се обвинети за силување, а третото е осомничено за помагање и поттикнување на силување на 12-годишно девојче во париското предградие Курбевоа, објави Монд  денеска.

Како што пренесува „Parisien“, истрагата е отворена во саботата, на 15 јуни, по пријавата на девојката.

Според полициски извор на кој се повикува парискиот весник, малолетничката објаснила дека и пришле три момчиња и ја одвлекле во напуштен хангар додека со другар била на плоштадот Анри-Рено, во близина на нејзиниот дом.

После тоа оштетената поднела пријава во придружба на нејзините родители.

Според „Паризиен“, едно од трите момчиња им кажало на инспекторите дека дејствувал од одмазда затоа што жртвата ја криела од него својата еврејска вера.

Друг малолетник, наводно, признал дека ја нападнал поради нејзините коментари за Палестина.

Двајца се обвинети за силување, додека третиот е осомничен дека помагал и бил сведок на силувањето.

На најмладиот осомничен, 12 години, му е изречена привремена воспитна мерка, а на другите двајца им е одредена мерка притвор, посочуваат од обвинителството.

Слични содржини