Макрон: Без руски гас, следната зима во Европа ќе биде многу тешка

од Milan1
259 прегледи

Доколку Русија одлучи да ја прекине испораката на гас за Европа, Европската унија може да се соочи со тешкотии следната зима, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.

„Има забележливо зголемување на цените (на енергетските ресурси) на краток рок, што е поврзано со оваа војна, како и одредени шпекулации на пазарите. Но, доколку Русија одлучи да воведе контрасанкции за енергетските ресурси, следно годината ќе биде уште потешка“, рече Макрон на предизборна средба во Париз.

Макрон напомена и дека ако Русија престане да испорачува гас за Европа, Франција нема многу да зависи од рускиот гас, за разлика од, на пример, Италија и Германија. Како што појасни, решение би можело да се најде во наредните недели, но голем предизвик би бил следната зима и затоа Европа работи на спречување на ваквото сценарио.

Слични содржини