„Макрон е сатана, не е човек“: Протест во Истанбул за карикатурите на пророкот Мухамед

од Vladimir Zorba
150 прегледи

Околу 200 луѓе протестираа денес во Истанбул затоа што францускиот сатиричен неделник „Шарли Ебдо“ неодамна ги објави карикатурите на пророкот Мухамед.

На 7 јануари 2015 година, браќата Шериф и Саид Куаши упаднаа во редакцијата на сатиричниот весник во Париз, каде убија 12 новинари и карикатуристи, извикувајќи дека го „одмаздиле пророкот (Мухамед)“. Меѓу жртвите имало познати карикатуристи кои се потпишувале со прекари, Каби, Волински, Оноре и Тиња, како и поранешниот директор на редакцијата на весникот, Бернард Марис.

Судскиот процес за група од 14 осомничени за поддршка на напаѓачите започна во Париз на 2 септември.

Демонстрантите во Истанбул денеска носеа плакати со кои им закануваа на сатиричниот неделник и на францускиот претседател Емануел Макрон. На дел од транспарентите можеа да се видат зборови како „Макрон ќе плати висока цена“ или „Макрон е сатана, не е човек“.

Турското Министерство за надворешни работи го осуди повторното објавување на карикатурата, оценувајќи ја како „недостаток на почит кон религијата и пророкот“.

„Шарли Ебдо“ по нападот изјави дека, и покрај заканите, тој ќе продолжи со сатирата и да го критикува општеството и дека нема да има табуа.

Слични содржини