Емануел макрон изјави дека Франција е подготвена да тргне по нов пат.

Францускиот претседател смета дека скептичит однос кон европската интеграција не е неразумен “Јас цврсто верувам во Европа, но јас не мислам дека постоечкиот скептицизам (кон евроинтеграцијата) е неоснован “, посочи Макрон во својот говор во Версај на свеченото седница на двата дома на францускиот парламент. Тој истакна дека евроинтеграцијата е “ослабена поради ширењето на бирократијата која нанесува голема штета”. Според претседателот “авантуризмот цела деценија беше комплициран за Европа”. “Новата генерација европски лидери треба да се вратат на првичните основи на европската идеја која треба да биде ревитализирана”, истакна францускиот претседател. “Последните десет години беа сурови спрема Европа. Се справивме со кризи, но го изгубивме патот “, додаде тој.
Емануел Макрон исто така, предложи намалување на бројот на пратениците за една третина и во двата дома на парламентот. Во своето обраќање пред Сенатот и Националното собрание од дворецот во Версај, тој изјави дека промената што тој за прв пат ја претстави во предизборната кампања претходно оваа година ќе има “позитивен ефект врз севкупниот квалитет на парламентарната работа”. Во моментов во Сенатот има 348 пратеници, а во Националното собрание – 577.
За време на својот говор Макрон направи и други предлози за промена на француската политичка систем како измени кои ќе овозможат поголема пропорционална застапеност, па “сите насоки да бидат праведно претставени”. Претседателот, исто така, изрази надеж дека сите “длабоки трансформации …, од кои нашите институции силно се потребни”, ќе бидат завршени во рок од една година. “Сакам … да избегнеме половични мерки и козметички решенија”, рече тој и додаде дека реформите ќе бидат претставени за гласање во парламентот, но по потреба тие ќе бидат поставени и на референдум. За време на своето обраќање шефот на државата, исто така, истакна дека Франција е подготвена да преземе “радикално нов пат”, откако на парламентарните избори неговата партија “Напред, Република” извојува убедлива победа.
“Досега бевме на погрешен пат”, рече тој од палатата, каде што беа собрани пратениците од двата дома.

Во својот говор шефот на државата, исто така, најави дека планира оваа есен да се укине вонредната состојба во земјата, што е во сила по терористичките напади во Париз од ноември 2015 година, во кои загинаа над 130 лица. “Ќе ја обновам слободата на францускиот народ со укинување на вонредната состојба оваа есен, бидејќи овие слободи се предуслови за постоење на силна демократија”, рече тој. Рокот на последното продолжување на вонредната состојба истекува во средината на јули, кога се очекува центристичката влада на Макрон да го продолжи до 1 ноември, кога треба да биде изготвен и новиот закон. Обично заедничките седници на Сенатот и Националното собрание се прават само во случаи на национална криза, но Макрон успеа да ги убеди пратениците да дојдат во Версај. Во исто време настанот предизвика вознемиреност околу се поголемото концентрирање на власт во претседателството, кое критичарите го дефинираат како кривина кон монархијата. Говорот на претседателот доаѓа ден пред премиерот Едвард Филип да излезе со своето традиционално обраќање пред долниот дом на парламентот – Националното собрание. Ова ги натера медиумите и опозицијата да го обвинат 39-годишниот претседател во обид да биде саботиран од својот премиер, критикувајќи и неговото одбивање да одговара на прашања по говорот. Според поранешниот претседателски кандидат и лидер на левичарската партија “непослушните ” Жан-Лук Меланшон кој го бојкотира говорот на Макрон ” тој влегол во фараонски образ на својата претседателска монархија”. Ова е втор официјално настан на претседателот во палатата во Версај во рамките на последните месеци, откако во мај го прими рускиот претседател Владимир Путин. / АФП