Макрон: Франција е отворена за обука на украински борбени пилоти

од Nikola Popovski
188 прегледи

Франција е отворена за обука на украински борбени пилоти, изјави францускиот претседател Емануел Макрон во интервју за францускиот ТВ канал „TF1“ по приемот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– Отворени сме за обука на пилоти на борбени авиони. Обуката може да започне веднаш, рекол Макрон, пренесува Си-Ен-Ен.

На прашањето дали Франција ќе испрати борбени авиони во Украина, Макрон одговорил дека не зборува за „авиони“, туку за „ракети“ и „обука“.

– Нема да испорачаме оружје што ќе ѝ овозможи на Украина да стигне до руско тло, подвлекол Макрон.

Слични содржини