Макрон: Франција ќе и даде на Украина ракети со долг дострел

од Vladimir Zorba
332 прегледи

Франција ќе почне да ја снабдува Украина со ракети со долг дострел за да може да се брани, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон.

По пристигнувањето на самитот на НАТО во Вилнус, Литванија, тој одби да даде детали за тоа колку и кои проектили ќе и бидат доделени на Украина.

„Одлучив да ја зголемам испораката на оружје и опрема што ќе им овозможи на Украинците да имаат капацитет да удрат длабоко, додека ја одржуваме нашата доктрина да и дозволиме на Украина да ја брани својата територија“, рече Макрон.

Слични содржини