188
Францускиот претседател Емануел Макрон го оцени како „кукавички и бесрамен чин“ рускиот напад во Украина, во кој загинаа двајца француски хуманитарни работници.
„Искажувам солидарност со сите волонтери кои се посветени на помагање на населението“, напиша Макрон на платформата „Икс“.
Француското Министерство за надворешни работи соопшти дека двајца француски хуманитарни работници загинале, а тројца се повредени во руски напад во Берислав, на југот на Украина.
Шефот на француската дипломатија Стефан Сежурне го осуди „руското варварство“.
„Русија ќе мора да одговара за своите злосторства“, рече Сежурне, кој не прецизираше од која хуманитарна организација биле жртвите.