490
Францускиот претседател Емануел Макрон ќе го распушти Националното собрание по дебаклот на изборите за Европскиот парламент, јавува Би-би-си.
По оваа одлука Франција ќе оди на нови парламентарни избори.
Тие ќе се одржат на 30 јуни и 7 јули, пренесува Би-Би-Си.
Да потсетиме, партијата на Марин Ле Пен на изборите за Европскиот парламент освои 31,5 отсто, што е двојно повеќе од партијата на претседателот Емануел Макрон.
Неговата партија доби 15,2 отсто поддршка, што е половина од поддршката на Марин Ле Пен.
Левичарската партија Непокорена Франција на чело со Жан-Лук Меланшон освоила 8,7 отсто од гласовите, а републиканците 7,2 отсто, покажуваат резултатите.