Францускиот претседател Емануел Макрон прави се за да ја убеди ѕвездата на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе да остане во клубот, изјави познатиот локален новинар Ромен Молина.
Сепак, Макрон не е единствениот државник кој се обидува да го задржи напаѓачот на „Паркот на принцовите“. И емирот на Катар има голема желба Мбапе да го продолжи договорот со ПСЖ, па клубот ќе ја искористи сета финансиска сила за да го натера играчот повторно да потпише.
Во меѓувреме, новинарот на RMC Sports, Даниел Риоло, е уверен дека по завршувањето на сезоната во Лига 1 во мај, Мбапе ќе го продолжи договорот со тимот од Париз.
Според неговиот колега Жером Ротен, трет клуб, по ПСЖ и Реал Мадрид, се вклучил во битката за потписот на Мбапе, но тој не споменува кој е тој, само прецизираше дека не се работи за Барселона.