157
Во пресрет на годишнината од избувнувањето на руско-украинскиот конфликт, францускиот претседател Емануел Макрон и неговиот колега украинскиот претседател Владимир Зеленски во неделата телефонски разговараа за можниот мировен план и актуелната ситуација, соопшти Елисејската палата.
Тема на разговорите меѓу двајцата лидери била Минхенската безбедносна конференција, на која лидерите на западните земји се обврзаа да ја зајакнат поддршката за Украина во борбата против руските сили, пренесува „Ројтерс“.
За време на неговото редовно ноќно обраќање до нацијата, Зеленски рече дека му се заблагодарува на францускиот претседател „за разбирањето на потребата на Украина да не изгуби ниту една можност, ниту една недела да се брани од руската агресија“.