Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјавил дека повторно разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и со германскиот канцелар Фридрих Мерц и британскиот премиер Кир Стармер, со цел да се продолжи со координирањето на поддршката за Украина.
„Остануваме решени да ја поддржиме Украина, дејствувајќи во духот на единство и градејќи врз работата што е извршена во рамките на „Коалицијата на волјата“, порачал Макрон во објава на социјалната мрежа X.
Тој нагласил дека иднината на Украина не може да се одлучи без самите Украинци, кои се борат за својата слобода и безбедност повеќе од три години.