Макрон им порача на Французите: Нема толеранција за неподносливиот антисемитизам

од Vladimir Zorba
166 прегледи

Францускиот претседател Емануел Макрон испрати отворено писмо до своите сонародници во кое порача дека будењето на антисемитизмот во Франција е неподносливо и нема да се толерира.

Макрон одлучи да испрати отворено писмо до Французите пред големиот граѓански марш против антисемитизмот, што ќе се одржи денеска во Париз и во неколку други француски градови, пишува весникот „Паризиен“.

„Антисемитизмот, без оглед на неговата природа, без разлика на религиозниот, социјалниот, идентитетот или расниот контекст, е токму како што го опиша големиот француски писател Емил Зола – одвратен“, рече Макрон.

Слични содржини