Макрон: Иран да се воздржи од какви било провокации

од Aleksandar Petrovski
162 прегледи

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска дека Иран треба да се воздржи од какви било провокации.

Макрон преку соопштение информира дека разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за ситуацијата во Ирак.

Иран вети дека жестоко ќе се освети по убиството на Касем Сулејмани, командант на иранската елитна единица Кудс, што се случи утринава во американски воздушен напад во близина на меѓународниот аеродром во Багдад.