71
Францускиот претседател Емануел Макрон изјавил дека администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден донела „добра одлука“ дозволувајќи и на Украина да користи американско оружје за напади во Русија.
На маргините на самитот на Г20 во Рио де Жанеиро, Макрон навел дека одлуката на администрацијата на Бајден е донесена поради распоредувањето на севернокорејски војници во Украина, додавајќи дека тоа е „ескалаторна“ одлука на Русија.
Како што објавија медиумите во неделата, Бајден му дал дозвола на Киев да ја гранатира руската територија со американски ракети со долг дострел.