Макрон му даде рок на Лекорну до вечерва да формира француска влада

Макрон побара од премиерот да избере компактен тим од 25 или 26 министри и државни секретари кои би биле „многу политички вкоренети во регионите и способни да разговараат со левицата“, објави француската телевизија.

од Vladimir Zorba
8 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/ЛЦП

Францускиот претседател Емануел Макрон му даде рок на премиерот Себастијан Лекорну до недела навечер да формира влада, изјави неименуван функционер од партијата Ренесанса.

Одлуката за новата влада треба да биде објавена најдоцна до понеделник наутро, објави телевизијата BFM.