Макрон му понуди помош на Курти во продолжението на дијалогот со Белград

297 прегледи

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, му честиташе на премиерот на Косово, Албин Курти, за изборот на таа позиција и му рече дека е потребно да се продолжат преговорите со Србија, објави денеска Газета Експрес.
Макрон понуди помош на Франција во продолжението на дијалогот, кој, како што рече, треба да заврши со сеопфатен договор, пренесува Косово на Интернет.

Тој го покани премиерот на Косово да дојде во Париз за да разговара за низа други прашања.

„Знам дека имате намера да ги спроведете основните реформи што ги бараат вашите сограѓани: зајакнување на владеењето на правото и економскиот и социјалниот развој на Косово“, напиша Макрон.

Тој додаде дека треба да се додаде борбата против пандемијата, која треба да биде приоритет во време кога Косово е тешко погодено и кога Европската унија се мобилизира за да им помогне на земјите од регионот да се справат со здравствената криза и нејзините последици.

Слични содржини