Макрон: НАТО да разјасни какви односи сака со Русија

од Vladimir Zorba

НАТО треба да ја разјасни својата стратегија и политика кон Русија, рече претседателот на Франција, Емануел Макрон.

„Треба стратешки да разјасниме каде оди Алијансата. На прво место – какви односи сакаме со Русија“, рече Макрон на прес-конференција во Париз.

Истакна дека секогаш се залага за дијалог со Москва и го поздравува подготвувањето на самитот на претседателите на Русија и Америка.

Според Макрон, НАТО треба да ги намали тензиите во односите со Русија.

Во исто време, тој рече дека рамката на односите со Русија треба да биде строга и цврста.

Самитот на НАТО ќе се одржи на 14 јуни, додека лидерите на САД и Русија ќе се состанат два дена подоцна во Женева.

Американскиот претседател Џозеф Бајден вчера пристигна во Велика Британија, прва станица на неговата европска турнеја.

Слични содржини