Претседателот на Франција, Емануел Макрон, најави дека државата ќе им овозможи на младите од 18 до 25 години да добијат бесплатни кондоми како дел од борбата против сексуално преносливите болести и несаканата бременост.
Како што рече, кондомите ќе бидат достапни бесплатно во сите аптеки, пренесува Гардијан.
Овој потег доаѓа откако владата оваа година ги стави апчињата за контрацепција бесплатно достапни за сите жени помлади од 25 години, за да се осигура дека контрацепцијата е достапна за сите млади жени без оглед на финансиските околности.
Францускиот национален здравствен систем веќе ги надоместува трошоците за купување кондоми доколку тоа го препише лекар или акушерка, мерка наменета за борба против ширењето на СИДА и други сексуално преносливи болести.