Макрон не дава оставка, парламентот ќе гласа за доверба на владата

од Vladimir Zorba
9 прегледи

Францускиот претседател Емануел Макрон ја отфрли идејата за негова можна оставка, со оценка дека повиците за негова оставка ја претставуваат „политиката на фикцијата“, додека француските пратеници попладне се подготвуваат да гласаат за доверба на владата, објавија денеска француските медиуми.

„Тоа нема смисла… Денеска стојам пред вас затоа што двапати сум избран по волја на францускиот народ“, рече Макрон, кој е во посета на Саудиска Арабија, пренесува телевизијата БФМ.

Во последниве денови, многу партиски политички функционери повикаа на оставка на Макрон – од оние од екстремно десничарското Национално собрание (РН) до оние од екстремната левичарска Непокорна Франција.

Слични содржини