Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека нема причина Франција да го прифати барањето на Русија да го плаќа рускиот гас во рубљи.
Макрон на прес-конференција во Брисел рече дека документите покажуваат дека е забрането да се прават такви барања за плаќање во рубљи, пренесува Ројтерс, без да прецизира за какви документи станува збор.
Макрон рече дека има намера да разговара со рускиот претседател Владимир Путин во следните 48 до 72 часа за ситуацијата во Украина и иницијативата да им се помогне на луѓето да го напуштат опколениот град Мариупол.