Макрон никогаш нема да биде спасителот на Европа, ако продолжи да дејствува како популистите

од Vladimir Zorba
89 прегледи

 

Гардијан

Кога стапи на должност, Емануел Макрон беше претставен како знаменосец на европскиот политички либерализам, кој ќе им застане на патот на силите на екстремизмот и популизмот. „Спасителот на Европа?“ беше често сретнуваниот наслов во медиумите.

Чувството на олеснување беше почувствувано и далеку од границите на Франција. Во светот на Трамп и Брегзит вртоглавиот подем на 39-годишниот Макрон внесе смиреност кај сите кои беа растревожени од ситуацијата на доминантната демократија и светскиот либерален поредок. Сетете се само како Барак Обама ја поддржа кампањата на Макрон со зборовите: „Успехот на Франција е од значење за целиот свет“.

Три месеци подоцна, блесокот избледе. Дали тоа значи дека претседателот кој самиот се прогласи за „Јупитер“ е веќе расипана стока? Можеби. Но пред него има не толку лесен пат. Рејтингот на одобрување за Макрон падна преку летото и сега е на 36 проценти – понизок дури и од тој на неговиот безличен претходник Франсоа Оланд за истиот период од неговиот мандат.

Да, Макрон направи грешки. Социјалните мрежи се преполни со шеги за 26.000 евра кои тој ги потрошил за шминка отокако беше избран за претседател. Тоа можеби зборува за очигледно самовљубен човек во својот имиџ, особено ако се имаат предвид насловните страници на списанијата посветени на неговата сопруга Брижит и неговите фотографии во пилотска униформа или како виси како Џејмс Бонд од хеликоптер над подморница. Да не зборуваме како го користи Фејсбук за да ги избегне цедилките на традиционалните медиуми. При сето тоа, до тука ништо друго не го разликува од многу други политичари од помладата генерација. Посериозни гафови имаше тогаш кога непотребно влезе во личен судир со шефот на Генералштабот на армијата кој потоа си даде оставка. Уште повеќе срам предизвика неискуството и хаотичноста на новоизбраните парламентарци од неговата партија. Сето тоа можеби е дел од процесот на учење, затоа што цената на радикалната политичка обнова неизбежно треба да вклучува проби и грешки. Тешко е да се негира дека француската политичка сцена беше сосема променета од овогодишените избори – постигнување за кое треба да се признае заслугата на Макрон.

Но вистискиот проблем е на друго место. Тој се крие во огромните либерално пазарни ориентирани реформи кои Макрон сака да ги спроведе во земјата, која пак може и нема толку рамнодушно да ги прифати. На Макрон постојано ќе му се напоменува дека добил само 24 проценти од гласовите во првиот круг на претседателските избори. Тоа, а не 66-те проценти кои ги освои против Марин Лепен во вториот круг е реалниот дел од неговиот електорат.

Нема да биде преувеличено ако се смета – како што е случајот во Берлин – дека иднината на Европа зависи од тоа дали Макрон може да биде успешен претседател реформатор. Но како ќе се справи со таа задача? Она што го направи минатата недела, кога се врати на работа по краткиот одмор со Брижит од Марсеј, е показ за тоа.

Франција се чувствува како да живее на врвот на вулкан. Еден професор веќе подготвува митинг и демонстрации на 12 септември. Крајнолевиот подбуцнувач Жан-Лук Меланшон, чие движење „Непокорна Франција“ собра речиси 20 проценти од гласовите во мај, повика на „морално востание“ против реформите кои ги смета за „социјален државен преврат“.

Токму во овој момент Макрон тргна кон Источна Европа. Таму тој апелира за заострување на европската директива за „командуваните работници“ која им озвоможува на компании да испраќаат свои вработени да работат привремено во други држави членки, додека продолжуваат да плаќаат осигурувања и даноци во сопствените држави.

Но на тој чекор не треба да се гледа како на обид за ревидирање на слободата на движење. Случајот не е таков. Но тимот на Макрон ја изгради тактиката така што е осудена да ја спречи реакцијата во стилот на Брегзит, при што се подигнува народниот гнев против „допуштените без ограничувања“ странски работници. Всушност, промените на кој цели се до голема мера козметички. Згора на се, поддршката во Франција за слободата на движење останува висока (79 проценти) како и во целата Европска унија (81 проценти), покажува последното истражување на Евробарометар.

Стратегијата на Макрон е да подигне бучава околу битката против „социјалниот дампинг“, кој го изнесува на европско ниво, за да ги неутрализира дел од критиките дома, кој трпи заради неговата желба да го промени закоравениот пазар на трудот во Франција. Тоа доведе до кавга со Полска, чиј премиер го обвини за арогантност и недостиг на искуство. Аргументот на Макрон дека „Европа треба да ги заштити“ социјалните права е валиден, но наоѓањето на жртвено јагне во лицето на ЕУ создава опасност тој да се најде токму во истата ситуација, во која се политичарите популисти на кои сака да им застане на патот. Во април, Макрон ја заштити директивата за „командуваните работници“, но опозицијата од страна на Лепен и Меланшон го натераа да ја сврти палачинката. Всушност, Макрон е еден од последните кои се зафатија со овој проблем. Еврокомисијата разгледува варијанти за реформи во таа сфера уште од март минатата година.

Клучен предизвик за Макрон е да направи така што реформите да не му бидат припишани како уништување на социјалната држава, туку нејзино модернизирање по скандинавскиот модел. Често се вели дека строгите економии раѓаат популизам, но подемот на крајната десница во Франција има други објаснувања. Она низ што мина Франција не може на никаков начин да се споредува со кратењата на кои беше подложена Велика Британија при коалицијата (2010-2015 година), а уште помалку за време на тачеризмот. Ниту пак искуси слични односи на кои беше подложена Грција.

Во Франција, нееднаквоста во приходите и процентот на сиромаштија се пониски од оние во Велика Британија и Германија. Она од кое таа страда е децениската масовна невработеност, која изнесува околу 10 проценти и сега изнесува 21 процент за луѓе на возраст меѓу 18 и 24 години. За разлика од Велика Британија, многу повеќе млади луѓе во Франција гласаа за крајната десница отколу за левицата или за либералните партии. Макрон влезе во битка со Источна Европа за да покаже дека е на страна на француските работници, а не на технократите во ЕУ. Но не беше воопшто тешко да се забележи манипулацијата. На прес -онференцијата минатата среда тој всушност призна и рече: „Проблемите на Франција нема ништо заедничко со командуваните работници“.

Ако Франција може да извлече поука од Брегзит, со сигурност тоа нема да е посочувањето за источноевропските работници за заканата од општата благосостојба. Најдобриот отров против популизмот не е сеењето страв, туку подобрување на економските показатели и уредување на внатрешните проблеми. Макрон треба да се справи со таа тешкотија, без да налива повеќе масло во националистичките страсти. Тој со право потсети дека синдромот на „полскиот водоводџија“ помогна делумно за одлуката на Французите да го отфрлат проектот за европскиот устав во 2005 година, но повторното запалување на дел од таа дебата крие ризици. Тој се обидува да го одвлече вниманието од неволјите дома, и затоа посочи на надворешни закани иако командуваните работници се едвај еден процент од целата работна сила во ЕУ. Не е јасно како таквата тактика ќе му помогне да си ја исполни амбицијата да го оствари европскиот проект, заедно со Ангела Меркел.

Штетите кои ги прави Макрон се уште не се непоправливи. Ситуацијата со економијата во еврозоната конечно се подобрува. Некои професори ги поддржуваат неговите реформи. Но за да ја води успешно државата, Макрон треба да вложи енергија дома, наместо да бара конфликти во странство.

Обама беше во право: Франција е клучен партнер на Европа, дури и уште повеќе по Брегзит. Состојбата со нејзината демократија е од значење за целиот свет. Но често правените споредби со Наполеон треба да го тревожат Макрон, а не да поттикнуваат високо мислење за себе. Тој треба да поведе битки прво дома, пред да прави било што за да го трансформира останатиот дел од континентот.