Макрон: Полска и Унгарија се против миграциската политика, можеби нема да има блокада

од Vladimir Zorba
254 прегледи

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Полска и Унгарија изразиле несогласување околу миграциската политика на Европската унија, но рече дека тоа не мора да значи дека ќе биде блокиран каков било конечен договор за ова прашање.

„Тие го изразија своето несогласување на маса, кое веќе го изразија на министерско ниво, но не е од таква природа да се блокира одлука што би била донесена со квалификувано мнозинство“, рече Макрон на прес-конференција во Гранада, по состанокот на шефовите на држави или влади на ЕУ, пренесува Ројтерс.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави претходно денеска дека земјите-членки на Европската унија немаат шанси да постигнат договор за миграцијата.

Слични содржини