Франција ќе испрати десетици оклопни возила и лесни тенкови во Украина во следните неколку недели, вклучително и модерни борбени возила AMKS-10RC, се вели во заедничката изјава објавена по разговорите меѓу францускиот претседател Емануел Макрон и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
По работната вечера меѓу двајцата лидери, која траеше повеќе од три часа, францускиот претседател посочи дека официјален Париз ги насочува своите напори за поддршка на капацитетите за воздушна одбрана на украинските сили, пренесе „Ројтерс“.
Посетата на Париз беше дел од турнејата на украинскиот лидер на неколку клучни европски сојузници за време на која Зеленски се обиде да собере дополнителна воена и финансиска помош пред очекуваната украинска контраофанзива против руските сили.