Макрон: Радев и Петков го прифаќаат француски предлог

од Nikola Popovski
214 прегледи

За време на прес-конференцијата на самитот на НАТО во Мадрид, францускиот претседател Емануел Макрон изразил надеж дека „разгледувањето на предлогот од двете страни во наредните денови ќе го потврди“ фактот дека францускиот документ се однесува на сите чувствителни прашања за двете страни.

„Претседателот и премиерот на Бугарија веќе потврдија дека го прифаќаат предлогот. За усвојувањето ќе бидат потребни консултации во Скопје. Оваа одлука носи предвидливост и сигурност во решавањето на споровите наследени од минатото“, изјавил Макрон од Мадрид.

Македонската влада денеска соопшти дека официјално го добила текстот на францускиот предлог, кој Скопје го гледа како можност да се отвори широк процес на консултации прво на ниво на влада и коалициски партнери, а подоцна и со претседателот на државата, парламентот, опозицијата и граѓанскиот сектор, експертите и пошироката јавност, се вели во соопштението на прес-службата.

Од таму нагласуваат дека „одлуката за нашата иднина ќе ја донесеме заедно, достоинствено и во согласност со стратешките интереси на земјата и на сите нејзини граѓани“, како што беше ветено претходно.

Слични содржини