Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека САД „постепено се оддалечуваат“ од некои сојузници и „се ослободуваат од меѓународните правила“.
Во своето годишно обраќање до француските амбасадори, Макрон ја спомена и „неоколонијалната агресивност“ што е сè поприсутна во дипломатските односи, објави „Ле Фигаро“.
„Институциите на мултилатерализмот функционираат сè помалку. Се развиваме во свет на големи сили со вистинско искушение да го поделат светот меѓу себе“, рече Макрон.