Макрон сè уште има корона: Еве каква е состојбата на францускиот претседател

од Stefanija Kuzmanovska
255 прегледи

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, сè уште има одредени симптоми карактеристични за ковид 19, но неговата состојба е стабилна, изјави денеска владиниот портпарол Габриел Атал.

Макрон (43) во четвртокот дозна дека е позитивен на коронавирусот и оттогаш е во самоизолација во претседателската вила, во близина на Версајската палата.

Претседателот на Франција, исто така, ги извршуваше своите должности во самоизолација во претходните денови, преку контакт со владата преку видео врска.