Макрон: Сигурен сум дека Трамп ќе реагира на „цинизмот“ на Путин

од Vladimir Zorba
23 прегледи

Францускиот претседател Емануел Макрон денес во Тирана изјави дека е сигурен оти претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ќе реагира на она што го нарече „цинизам“ на рускиот претседател Владимир Путин по уште еден руски напад со беспилотни летала врз Украина.

Изјавата на Макрон дојде неколку часа откако украинските медиуми објавија дека руските вооружени сили отвориле оган врз автобус во северна Украина, при што загинаа девет лица, а четворица беа повредени.

„Соочен со цинизмот на претседателот Путин, верувам, дури сум и сигурен, дека претседателот Трамп ќе реагира, бидејќи се грижи за кредибилитетот на Соединетите Американски Држави“, рече Макрон денес на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама, објави BFM TV.

Слични содржини