Макрон во Кина на Си му однесе коњ како подарок

од desk2
161 прегледи

Претседателот на Франција Емануел Макрон ја почна тридневната посета на Кина, а на кинескиот претседател Си Џинпинг му подари коњ од елитната француска гарда.

Ројтерс наведува дека во ткн. „мека дипломатија“ и симболика, вештиот Макрон од редовите на претседателските коњски сили одбрал осумгодишен скопен коњ Везувиус, со браон боја, кој морал да ги помине строгите кинески контроли во карантин пред посетата кој почна во градот Сијан, источната почетна точка на древниот Пат на свилата.

Макрон со сопругата Брижит во Сијан го посетија и местото на кое се наоѓаат прочуените царски војници од теракота, а заедно до 40-годишниот претседател во Кина стигнаа и околу 50 бизнисмени од Франција.

Ројтерс наведува дека Макрон на ваков подарок, што Елисејската палата го нарече „дипломатски гест без преседан“, се одлучил откако претседателот на Кина во текот на последната посета на Париз во 2014 година се одушевувал на глетката на 104 коњаници кои тогаш го следеле.

Се наведува дека ова е прв пат Франција да понуди еден од своите елитни коњи, како и дека се работи за одговор на „панда дипломатијата“ на Кина, бидејќи сопругата на Макрон стана кума на една кинеска панда која Пекинг ја позајми на зоолошката во Париз.

Се потсетува дека Макрон, откако на претседателските избори во мај лани стана најмлад француски лидер по Наполеон, го пречека рускиот претседател Владимир Путин во палатата во Версај која му припаѓала на Луј XIV и симболизира апсолутна моќ.

Исто така, американскиот претседател Доналд Трамп го викна на прославата на Денот на Бастилја на воена парада, по што Трамп рече дека Макрон работи „страшна работа“.