Макрон: Во следните часови ќе разговараме со Северна Македонија за да го финализираме договорот

од Берта Китинска

Многу блиску сме до договор. Направивме предлог, работевме многу блиску заедно. Тоа ни дозволи да ги вметнеме бугарските барања кои се компатибилни со она што може Македонија да направи, но очигледно е прашање на видливост и градење на доверба во наредните неколку часа, кон тоа што е договорено, ќе има гласање во бугарскиот парламент и се потпирам на сите политички чинители во Бугарија да го поддржат ова,кажа францускиот претседател Емануел Макрон на новинарско прашање за коментар на Самиот на ЕУ со Западен Балкан.

-Претседателот на Републиката ќе мора да покаже посветеност тука. Партиите во сегашното владејачко мнозинство, како и тие кои го напуштија, како и тие во опозиција треба да гласаат. Во наредните неколку часа ќе разговараме со Северна Македонија за да го финализираме договорот. Сега се се движи напрeд и се надевам дека следната недела ќе имаме состаноци со кој процесот би отишол напред, Македонија и Албанија би тргнале напред, изјави Макрон.

Слични содржини