570
Францускиот претседател, Емануел Макрон за време на затворањето на денешната сесија на Мировната конференција за Украина во швајцарскиот град Бригенсток изјави дека војната во Украина е глобален проблем.
„Оваа војна е глобален проблем“, рече Макрон и посочи дека клучните теми на конференцијата, околу кои е важно да се соберат сите светски лидери, се „безбедноста на храната, нуклеарната безбедност и хуманитарните прашања“, се наведува на веб-страницата 20minutes.ch.
На учесниците на Мировната конференција за Украина прва им се обрати претседателката на Швајцарија, Виола Амхерд, која посочи дека мировниот процес е незамислив без Русија.