291
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека е загрижен за ситуацијата на Косово, но дека не се плаши од продолжување на конфликтот.
Во Лозана, каде што разговараше со студентите со швајцарскиот претседател Ален Берсет, тој рече дека се надева оти „лидерите на различните табори“ ќе го преземат патоказот, кој беше договорен за време на дијалогот.
„Денеска малку се смирија“, рече Макрон, коментирајќи ги тензиите на Косово, пишува швајцарскиот весник „Трибјун де Женев“.
Францускиот претседател рече и дека се плаши од етно-верски конфликти во различни делови на светот.
„Загрижен сум, но не се плашам од продолжување на конфликтот на Косово“, заклучи Макрон.